Локалниот огранок на Левица Охрид обвинува за узурпација на плажите

Локалниот огранок на Левица Охрид обвинува за узурпација на плажите.

Охридското крајбрежје e повторно узурпирано и тоа спротивно на препораките на УНЕСКО, пишува во соопштението до јавноста од Левица Охрид.

-„Покрај тоа што Владата гo усвои предлогот Охридското Езеро да биде заштитенo подрачје од трета категорија како споменик на природата и усвои информации за уредување на плажите и други зафати во градот што е во сериозна опасност да го изгуби статусот – град под заштита на УНЕСКО. Наместо да биде донесен План за управување во согласност со одредбите на Законот за заштита на природата, повторно почнаа со работа плажите, некои со старо – нови концесионери, а за нив пред неколку години се испостави дека всушност и не плаќале концесија.Овие денови забележано е дека во трка за профит, сопствениците на плажите го узурпираат со лежалки просторот којшто требаше да биде слободен, за оние кои не можат или не сакаат да најмат лежалки“, стои во реакцијата на Левица.

Огласот што беше распишан од локалната самоуправа за уредување на плажите беше за издавање на шанкови, но реалната ситуација е дека некои од објектите работат како ноќни клубови, обвинуваат од Левица.

-„ Според ваквите дејствувања, само бизнис елитата, односно профитерите од локалната и централната власт имаат интерес од ваквиот начин на уредување на охридските плажи дури и по цена на постојани негативни извештаи што Охрид ги добива од Комисијата на УНЕСКО, што укажуваат на опасноста Охрид да го изгуби статусот Град на УНЕСКО“, велат од Левица.

Локалниот огранок на Политичката партија Левица, апелира до инспекциските служби ефикасно, транспарентно и отчетно да ги извршуваат надзорите и соодветно да реагираат на терен.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани