

Во овие топли летни денови, кај ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, МОБИЛНИТЕ ЕКИПИ на Центар за јавно здравје Охрид се подготвени да ги посетат во домот во Охрид, за обавување на потребните административни формалности и земање на соодветните материјали за микробиолошка анализа.
-„Доколку поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и имате потреба од нашата услуга, јавете се на еден од телефоните 046 231-030, 078 488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 ч., каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши“, согласно упатот од матичен лекар, информираат од Центарот за јавно здравје.