Автобусите со туристи ќе застануваат кај студентскиот дом „Никола Карев“

Автобусите со туристи ќе застануваат кај студентскиот дом „Никола Карев“.

Се известуваат сите Тур – оператори и туристички водичи од градот Охрид  дека автобуската постојка за туристи која беше лоцирана на улица „Кузман Јосифоски- Питу“ кај факултетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од денес (13.07. 2023г.) се дислоцира на улица „Партизанска“ кај студентскиот дом „Никола Карев“.

Од Општина Охрид, упатуваат апел до превозниците, автобуската постојка да се користи исклучиво за качување и слегување на туристи, а не за паркирање на автобуси, информираат од општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани