Пецаков: Уредените плажи ќе ја збогатат туристичката понуда на Охрид

Како Локална самоуправа сме подготвени за справување со сите предизвици и воедно паралелно реализирање на зацртаните проекти. Ги следиме препораките на УНЕСКО и нивно исполнување. Охрид се движи во правилна насока и се надевам дека со ангажирање на сите засегнати страни ќе се добие посакуваниот резлутат. Ни претстојат многу манифестации и Охрид ке остане главна туристичка атракција и ова лето. – вели за „Студио 10“ Кирил Пецаков.

-„Имаме позитивни критики и од граѓаните и од туристите. Плажите ќе ја збогатат туристичката понуда на градот Охрид. Среќен сум што после година и пол успеавме да ги уредиме дел од плажите. Не се сите 13 плажи кои беа дадени на јавно наддавање отворени, тековно ги отвораат. Имавме дождлив месец јуни кога врнеше буквално секој ден. Се подготвуваат , а откакко сите ке бидат отворени, комуналните редари секако ќе проверат дали давањето на урбана опрема на крајбрежјето е поставена врз основа на правилата согласно квадратурата која што е дадена. Имаме и доволно слободни плажи гостите ќе може да одлучат каде сакаат да се рекреираат“, вели градоначалникот Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани