

Во соработка со ЕВН Македонија вдолж улицата “Шопев мост – Здравствен дом Вевчани” започна со реализација на проект за поставување на целокупната електрична мрежа да биде подземна.
-„Почитувани, Ве замолуваме да се воздржите од пуштање на каналот за наводнување денес и утре, на патниот правец “Шопев мост – Здравствен дом Вевчани”.Се копа ров за да се постави електрична инсталација подземи. Ги разбираме и ние потребите за наводнување на вашите насади, меѓутоа Ве замолуваме и за ваше разбирање за да се изведат работите побрзо“, информира градоначалникот Спасе Кочоски.