Туристичка промоција на традиционалните занаети

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски и претседателот на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија, Агрон Фазлији денес потпишаа Меморандум на соработка.

-„Занаетчиите преку одржувањето на традиционалните занаети придонесуваат кон славење на традицијата и зачувување на културното наследство, но важен сегмент е и поттикнување на економскиот развој на земјава- истакна Јаневски. Без исклучок традиционалните занаети треба да бидат дел од туристичките посети, каде туристите ќе имаат можност да погледнат како се изработуваат одредени ракотворби, да споделат искуства и да купат рачно изработени предмети“, информираат од Агенцијата за промоција на туризмот.

Со потпишување на овој Меморандум ќе се работи на зацврстување на соработката преку заедничко делување, подобрување на квалитетот на производите и услугите на занаетчиите, презентација и промоција на занаетчиските производи и услуги во земјата и странство преку организирање на зеднички презентации со заедничко учество на саемски манифестации.

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе студираат и текст

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани