

На магистралниот пат Охрид – Св. Наум вечерва се случила сообраќајна несреќа меѓу две патнички возила, на потегот помеѓу Трпејца и Заливот на коските, јави регионалната ТВМ телевизија.
Сообраќајот беше во прекин од нешто по 20 часот до 22 часот, поради што се формира долга колона возила.
Засега нема информации дали има повредени лица.
На местото на несреќата увид извршија екипи на СВР Охрид. Повеќе детали во текот на утрешниот ден.