Струга бележи солидна исполнетост, цените повисоки за 30%

Струга во штицот на летната сезона бележи солидна исполнетост. Најбројни туристи во градот на мостовите се гостите од Косово, Турција, Полска, Албанија, Израел и Холандија. Но , на прво место е дијаспората, иселениците кои редовно годишните одмори ги минуваат на струшкото крајбрежје.
Според туризмолозите треба да се работи на продолжување на туристичката сезона.

– „Туристичката сезона е премногу кратка во тој период сместувачките капацитети се преполни, но мора да контатираме дека престојот на гостите е краток. На тоа треба да се поработи во наредниот период односно да се креираат содржини кои што би ги задржале туристите да останат подолго, повеќе денови“, вели Валентина Переска од АППТ.

Поради инфлацијата, цените во угостителските објекти во Струга оваа сезона се поскапени за 30%.

-„Цените прескапо. Едно пиво е 120 денари, едно еспресо 80 денари е , макијато 90 денари, вели еден стружанец.
– „Едно кафе исто ти е како во Скопје и пивото е иста цена како Скопје така и тука“, вели еден скопјанец.
-„Се чудам како се снаоѓаат и како се живи, а кафичите се преполни. Како се снаоѓаат од каде наоѓаат пари“, вели една иселеничка.

Струга е еден од ретките градови кои има и река и езеро и има голем потенцијал, но потребна е поголема туристичка промоција. Во текот на минатата година градот на поезијата го посетиле 78 844 туристи, а биле оставрени 349 026 ноќевања.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани