Змија влегла во препумтната станица на колекторскиот систем и се исклучил осигурувачот

Змија влегла во препумтната станица на колекторскиот систем и се исклучил осигурувачот.

Завчера, во неделата,  на потегот меѓу населените места Елешец и Пештани во Охрид е забележано мало истекување на нетретирана вода од колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

-„Во кординација на ДИЖС и Инспекторатот на Општина Охрид, а во комуникација со директорот на ЈП Колекторски систем е утврдено дека поради влегување на змија во препумпната станица накратко е дојдено до автоматско исклучување на осигурувач. Од страна на службите на ЈП Колекторски систем веднаш е пристапено кон повторно вклучување на осигурувачот по што е нормализирана работата на препумпната станица и состојбата е нормализирана“, иформираат од Државниот инспекторат за животна средина.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани