Во шпицот на летната сезона охридското крајбрежје преполно со туристи

Екстремно високите летни температури, придонесоа за голем наплив на туристи  на  брегот на Охридското Езеро. Во шпицот на летната  сезона најбројни се гостите од Холандија, Полска, Англија, Турција и  Србија, но и домашните гости. Плажите се преполни, температурата на езерската вода е околу 24 степени,  идеална за рекреација.

Хотелските капацитети и приватното сместување бележат солидна исполнетост.

-„Нагласуваме дека холандските туристи се број еден, но застапени се многу и туристите од Полска, оваа година имаме организирани туристи и од Велика Британија. И тие се во поголем број може да се забележат, Меѓутоа има туристи кои се напоминување и од соседните земји“, вели Челик Асим туристички работник  од Охрид во зијава за МРТВ.

Клучен предизвик ова лето во двата туристички градови на брегот на Охридското Езеро  е недостигот на стручен кадар во хотелско -угостителскиот сектор, дефицитот  го надополнуваат учениците од средните училишта.

-„Сезоната си тече, ние не сакам да кажам импровизираме, ние се снаоѓаме со младите кои се  се уште тука и среќен сум што младите имаат желба да работат. Во сите ресторани, кафе барови, хотели средношколците се многу застапени.Мислам дека тие ќе ни ја спасат сезоната“, додава Асим.

Според туристичките работници,  иако цените на  хотелско угостителските услуги  оваа летна сезона и во Охрид и Струга се повисоки за околу 30% , охридското крајбрежје и натаму останува  најевтина дестинација во споредба со земјите во регионот.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани