Поставена фотонапонската централа на кровот на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ Охрид

Заврши поставувањето на фотонапонската централа на кровот на СОСУ„Св. Кирил и Методиј„ Охрид. Централата е со моќност од 22 kW и ќе биде надополнување на новиот систем на греење на училиштето преку топлотни пумпи што значително ќе ги намали трошоците на оваа образовна институција, а секако ќе придонесе и за заштита на животната средина.

-„Остануваат да се завршат формалните процедури со ЕВН околу приклучување во дистрибутивната мрежа по што ќе биде ставена во функција. Фотонапонската централа, нејзиното проектирање и поставување е комплетна донација од страна на компанијата ОКТА а.д. Скопје за што во оваа прилика искажувам голема благодарност. Оваа донација е вистински пример за општествена одговорност“, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Можно е да е слика од болница и текст

Нема опис за фотографијата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани