Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска беше во посета на општина Вевчани. Заедно со градоначалникот Спасе Кочовски извршија увид на неколку инфраструктурни проекти кои се спроведуваат во општината.
-„Општината со скромни средства и разни фондови, агенции реализира проекти кои се исклучително важни за потребите на граѓаните во општина Вевчани, а тоа ги охрабрува луѓето кога ќе видат дека се работи, дека луѓето се трудат а градоначалникот заедно со администрацијата и советниците и покрај лимитираните можности изнаоѓаат начин како да обезбедат метар плус асфалт“, рече Мицковски.
-„Оваа година општина Вевчани своите градежни активности реши да ги насочи во изградба на нови и реконструкција на постоечката патна инфраструктура во вевчани. за таа намена се обезбедени средства, веќе во изградба се две улици. Една комплетно нова и реконстуркција на една од поглавните улици во општината која води од центарот кон Здарсвтевниот дом и училиштето. Активно работиме на обезбедување проекти, следиме повици на фондови подгорвуваме проекти и за таа намена обезбедени се скоро 40 милиони денари за нови патишта“, вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.
Одговарајќи на новинарски прашања Мицковски рече цела Влада е вклучена во преговори со едно село во североисточна Македонија да ги убеди граѓаните да плаќаат сметки за струја, нешто што по природа треба да го прават, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Вевчани, зборувајќи за блокадите во Слупчане.
-„Еве да речеме овде во Вевчани има 2.500 жители, натплатата за електрична енергија е повеќе од 90 отсто, претпоставувам исто е и за даноците. Е сега прашувам, зошто овие граѓани да бидат од втор ред, дали треба да ги кренат во воздух трансформаторите за да привлечат внимание? Не смее да има привилегирани, не смее во Слупчане луѓето да се привилегирани“, рече Мицкоски.
Во право е Димитар Ковачевски кога вели дека европската агенда според коалицијата ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ е сосема различна од македонската која е дел од вистинската европска агенда, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Вевчани.
-„Никогаш нема да бидам дел од онаа агенда која во своето множество опфаќа милионски имоти на млади господа во центарот на главниот град Скопје без да има јасно потекло како го стекнале тој имот. Нема никогаш да бидам дел од онаа агенда која тие ја нарекуваат европска каде се местат тендери во четири очи се крадат граѓаните каде здравството е катастрофално, а пациентите умираат по ходниците, каде учениците книгите ги добиваат на крајот на учебната година наместо на почетокот, каде земјоделците, ако појдете денес во Источна Македонија, ќе видите дека и покрај тоа што акумулациите се преполни поради неисчистените канали не можат да добијат вода за наводнување на своите поседи“ – рече Мицкоски.
Мицкоски децидно кажа „јас дел од таква европска агенда како што промовира Владата на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ, нема да бидам“.
Мицкоски вели дека агендата на оваа Влада е криминална агенда, а не европска агенда.
-„Мојата, нашата, македонска агенда е токму онаа во која ќе се бориме против сето ова кое оваа Влада го промовира. Македонска, вистинска агенда секогаш, била, е и ќе биде дел од вистинската европска агенда, односно вистинските европски вредности кои треба сите ние да ги прифатиме“ – вели Мицкоски.