Во рамките на „Вевкул“ промовирана книгата „Точно, точно и вистина“

Со промоција на книгата раскази „Точно, точно и вистина“ од авторот Методија Анѓелкоски, што се одржа на 28 јули во црквата Св.Никола, свечено беше отворено дванаесетотото по ред Вевчанско културно лето – 2023. Според зборовите на промоторот на книгата новинарот, публицистот и писател Мишо Китаноски, овој пат се одбележуваат две значајни годишнини од историјата на културата на Вевчани. Имено, во 1933 год. Во Белград младиот седумнаесет годишен печалбар Јован Сербакоски ја објавил својата книга „Лелеци на смртните“ во која низ социјалната поезија го опишал макотрпниот живот на дримколските и вевчански печалбари, а како учесник во НОВ го напишал текстот на Маршот на Шестата македонска ударна бригада.

Вториот настан кој се одбележува на ВЕВКУЛ 2023 е 50 – годишнината од одржувањето на културно-научната манифестација „Печалбарски денови“ која како единствена од ваков вид во нашето село почна да се одржува во 1973 година и остави трајни траги во културната историја на Вевчани.
Во август и септември исто така ќе се одржат уште четири промоции на книги од четворицата вевчански автори Драган Попоски – Стојнин, Анастас Ќушкоски, Димче Парталоски и Косте Шутиноски, како и две изложби од кои едната е посветена на три вевчански везилки.Исто така, ќе се одржат и три вечери посветени на творештвото на Ацо Шопов со рецитал, потоа сеќавања на поетот Јован Котески и на доктор Благоја Парталоски, а ќе биде одбележана и 60-годишнината од новинарско-публицистичкото творештво на Мишо Китанмоски.
Но, она што посебно заслужува да биде истакнато е дека ќе се одржи Трибина на тема „Оvo vadis Македонијо“ со учество на неколку истакнати македонски дипломати, историчари, писатели и колумнисти, а се планирани да бидат реализирани и уште две активности што ќе го афирмираат Вевчани и пошироко, а ќа ја збогатат и туристичката понуда.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани