

Агресивно се однесувал кон полицијата, а потоа се обидел да избега.
-„На 31.07.2023 во 02.00 часот пред угостителски објект на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(25) од Охрид затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, по што се обидел да избега со своето возило „фиат“. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени нож, пиштол и 104 дијаболи кои нелегално ги поседувал. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.