Ќе се одржи 44 от Илинденски пливачки маратон

Во организација на Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 Охрид, а под покровителство на Советот на општина Охрид, традиционалнао на 02.08.2023 год. (среда) ќе се одржи 44 от Илинденски пливачки маратон на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км.
На овој пливачки маратон учество ќе земат преку 50 пливачи од Македонија и странство, кои ќе стартуваат во две групи-категории-првата група (пливачи постари од 16 години старост – родени 2007 и постари), – втора група (пливачи од 8-15 годишна возраст, односно родени 2008 и помлади).
Стартот на маратонот ќе биде од плажата Горица 1-Кј Дивоно и тоа: првата група ќе стартува во 10:30 ч., а втората група во 11:30 ч. Целта ќе биде на Градското пристаниште во Охрид-Кеј Македонија (пред х. Ривиера), а пристигнувањето на пливачите се очекува да биде околу половина час по стартувањето.
И оваа година одржувањето на Илинденскиот пливачки маратон е помогнато и од Костал Македонија.
Илинденскиот пливачки маратон на Охридското езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани