

Кајчар од Охрид бил пронајден без свест во своето кајче на сред езеро кај црквата Канео. Бил каснат од пчела по што настанала антифилачтичка реакција која се јавува одеднаш и може да доведе до смрт, ако не се третира навремено.
За среќа кајчарите веднаш забележале дека кајчето стои во езерото го извлекле а Итната медицинска помош стигнала навреме. Лицето веднаш било транспортирано во болница.
„Лицето откако ја прими соодветната терапија веднаш го однесовме во Интерното одделение. Беше каснат од пчела на прстот од раката, му се слошило. Дојдовме навремено, интервениравме. Беше неконтактибилен во тешка состојба. Боцнавме венски мускулно, ги отвори очите по што го однесовме на Интерно каде прими дополнителна терапија и моментално е добар“, велат од Брзата помош.
Инаку кајчарот имал алергиска реакција и претходно па кога видел дека плеча го каснала го извлекол осилото но отровот веќе бил навлезен во телото по што настанала реакцијата. За среќа беше навремено интервенирано, додаваат од Брзата помош.
Анафилактичен шок или анафилакса се однесува на генерализирана алергиска реакција, предизвикува тешки состојби. Од Брзата помош велат дека има случаи каде пациентот може да нема ни пулс при бакви несакани бурни анафилактична реакција на убод од пчела.