Загаден воздухот поради спалувањето на депонијата Буково, Комуналец врши санација

Деновиве, особено во вечерните и раните утрински часови, во Охрид и пошироката околина видлива е заматеност во воздухот и се чувствува непријатен мирис на чад, неофицијално, предизвикано пред се од горењето на комуналната депонија во Буково.

Поради опасноста што може да ја предизвика опасниот чад предизвикан од неконтролирањето спалување/горење на комуналниот отпад, врз здравјето на луѓето, Центар за јавно здравје Охрид апелира до надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки и активности за решавање на проблемот. Особено предупредуваме луѓето кои непосредно ќе учествуваат во справувањето со комуналниот смет на депонијата која гори, да  користат соодветни заштитни средства (маски, очила и сл.) Апелираме до  граѓаните на Охрид, гостите, туристите, додека не се реши проблемот со горењето на комуналниот смет на депонијата во Буково, во вечерните и утринските часови да не ги отвораат прозорците и доколку почувствуваат мирис на чад, да останат во своите домови, апелираат од Центарот за јавно здравје.

Неконтролираното спалување/горење на неселектиран, разноврстен комунален отпад е особено опасно бидејќи не може точно да се предвиди што се може да се ослободи од илјадниците токсични соединенија.

Можно е да е слика од текст

Од ЈП Охридки Комуанлец информираа дека се врши санација на спалената депонија.

-Во текот на денешниот ден теренот од депонија Буково кој беше опожарен се покрива со земја.И во текот на денешниот ден екипите на Ј.П.Охридски Комуналец продолжија со активностите за санација на состојбата на депонија Буково. Со специјална механизација теренот кој беше опожарен се покрива со големи количини земја, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани