

Физичка пресметка, косовари фатени со кокаин, 21 годишник се шетал со пендрек. Ова е дел од билтенот на СВР Охрид.
На 03.08.2023 во 21.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во куќа на улица „Бистрица“ во Охрид, А.М.(29) физички го нападнал Б.М.(54), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.08.2023 во 00.05 часот од просторот на поранешната касарна во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа М.Р.(24) и Б.А.(23), двајцата од Косово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.08.2023 во 04.00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го приведоа К.Б.(21) од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа затоа што кај него бил пронајдоа и одзедоа метален пендрек. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на СВР Охрид.