

Охрид во шпицот на сезоната преплавен со ѓубре.Во утринските часови сликата е грда насекаде може да се видат расфрлани лименки ,пластични шишиња и остатоци од храна,но најкритично е во центарот на градот, покрај кејот, во близина на пекарите и на оние локалитети, каде се организираат концертите.
Од ЈП Охридски Комуналец велат условите се вонредни огромен е притисокот врз градот, механизацијата 24 часа се на терен, во текот на еден ден се собираат 80 тони најразличен отпад.
„24 саати сме буквално на терен како би се справиле да речам со овие новонастанати состојби.Имаме огромни количини на смет ако земеме дека имаме поставено 800 контејнери од 1 и 1,1 кубик на територија на општина Охрид и заедно со рефусот кој го подигаме од домаќинствата можам да кажам преку 1000 метри кубни комунален отпад собираме во текот на денот. Тоа е оргомна количина. Како што кажав сме екипирани и сме на терен“, вели Сревчо Маслов од ЈП Охридски Комуналец.
Загрижува ниската еколошка свест кај младата популација, кои до раните утрински часови прават неред трупаат отпад низ градот. Од охридски Комуналец велат по примерот на некои земји за поефикасно справување со овој проблем потребно е да сe формира комунална полиција.
-„Добро е да се формира комунална полиција по примерот на соседна Србија мислам дека поефикасно ги решија проблемите. Затоа се потребни законски зимени на ниво на држава.Еден апел до граѓаните и туристите би бил да ги користат садовите за комунален отпад, да не се фрла се и сешто онаму каде што не му е место. Поготово на самото крајбрежје, покрај Охридксото Езеро, во паркот , пак ќе напоменам наутро ги наоѓаме во многу лоша состојба“, додава Маслов.
Охридски Комуналец располага со 14 специјални возила за собирање отпад и голем број дежурни екипи. Но и покрај постојаните апели изминативе години за поголема еколошка свест кај граѓаните од сето тоа се уште ништо ,истата слика се повторува секое лето .
Новинар Соња Рилковска