Охрид најпродавана еднодневна ексурзија во соседна Албанија

Трета година по ред Охрид е најпродавана еднодневна ексурзија  во соседна Албанија.  Се смета за најатрактивна дестинација за бројните странски гости кои летуваат на Јадранското и Јонското море.  Туристите од Литванија, Полска, Чешка и Латвија со некоку автобуси дневно  го посетуваат градот под заштита на Унеско.

Најмногу се воодушевени од природата, прошетките по Охридското езеро и бројните културно историски споменици.

– „Секоја недела доаѓаме со полни автобуси туристи од Литванија. Им се допаѓа историјата, се запознаваат со културата. Забележуваат разлика помеѓу Албанија и Македонија. За нив е голема шанса да ги посетат две земји“, вели Мартина Овсианикова туристички водич од Литванија.

Традиционалната македонска храна и вино, но и прошетките во Националниот парк Галичица се причина плус за големата заинтересираност  на странските гости за земјава.

-„Најмногу им се допаѓа Охридското Езеро кое е навистина многу чисто. Понатаму Заливот на коските и историјата како што е Свети Наум, но и самиот град со  многубројните цркви особено Свети Јован Канео најсликаната црква“, вели Грегор Сојка туристички водич од Полска.

Двата туристички центри на брегот на Охридското Езеро, и Охрид и Струга  оваа сезона бележат голема исполнетост. Туристичките работници очекуваат да се надминат рекордните бројки на ноќевања од 2019 година.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани