Странците со забелешки за патната инфраструктура во земјава

Во ек на туристичката сезона патната инфраструктура до главните туристички центри во земјава потполно небебедна. Туристите и возачите на патот кон Охрид и Струга се соочуваат со раскопани небезбедни делници, лоша сообраќајна сигнализација, бетонски бариери и безброј пренасочувања.

Најкритично е околу Подмолје, каде што се дели патот за двата градови. Возачите од регионот, но и големиот број туристи од странство велат патиштата се во очајна состојба.

„Катастрофа, навистина е катастрофа. Дупка до дупка. Вакво нешто не сум видел. Како ќе се тргне од Скопје кон Охрид се е лошо“, вели турист од Србија.
„Моменталната состојба е лоша, воопшто нема подобрување. Долги години е овој проблем во двата градови“, вели еден стружанец.
„Патиштата се многу лоши. Од Струга за Охрид навистина лош пат.0022 Многу дупки има на патот и се тресе“, вели гостинка од Англија.
„Патиштата треба да бидат подобри. Овде е слично како во Белгија, патиштата се со нерамнини и дупки“, велат туристи од Холандија.

И велоисипедистите од странство, кои патуваат низ повеќе земји велат се чувствуваат небезбедни.

– „Единствениот проблем за мене е тоа што честопати колите возат преблиску до мене а и тие немаат избор. Од Струга има мала велосипедска патека само 2 км се друго треба да се подобри“, вели велосипедистка од Полска.

Поради изградбата на автопатотот ,„Мајка Тереза“, која трае околу девет години, критично е и од аеродромот Свети Апостол Павле кон двата туристички градови.  На пресекот помеѓу двата туристички центри се уште стојат бетонските остатоци од времениот импровизиран кружен тек.
Изградбата на новиот надвозник трае повеќе од три години.

Во лоша состојба е целата патна инфраструктура од Дебарца до Подмолје, каде изминативе години се случени десеттици сообраќајни несреќи со повеќе жртви.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани