

Тешка сообраќајка на патот Кичево Охрид, повредено едно лице.
-„На 13.08.2023 во 22.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека И.С.(60) од општина Маврово и Ростуше, управувајќи патничко возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки на патот Охрид-Кичево, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Ерамо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.