

Театарската претстава „Нора“ во изведба на градскиот театар Љубљана на репертоарот на фестивалот „Охридско лето“. Претставата, која критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот, е една од најизведуваните дела во светот.
Овој пат во режија на македонската режисерка Нела Витошевиќ, една од најистакнатите претставници на помладата генерација македонски театарски творци.
-„Мислам дека е многу актуелно да се отвораат овие женски прашања, да се зборува отворено и слободно за нив. Особено имајќи во предвид дека Нора е лик кој што го симболизира женскиот отпор и потрагата за индивидуална слобода“,вели Нела Витошевиќ режисер.
Претставата, која ќе се одржи утре во ЦК „Григор Прличев“ е веќе распродадена, а актерите се воодушевени во пресрет на настапот на Охридско лето.
-„Во работата се обидував да го одржувам срцето отворено и ликот на Нора да не го осудувам на никаков начин. Затоа што најчесто кога жената го напушта сопругот и децата тоа се уште кај нас е голема табу тема“,вели Ајда Смрекар актер од Словенија.
-„Реакциите на публиката беа прекрасни. Голем број средношколци ја погледнаа претставата, затоа што текстот Нора им е дел од матурската. Дојдоа многу млади луѓе и нивните реакции беа навистина позивни“, Матеј Пуц актер од Словенија.
На 20 ти август , се спушта завесата на најпрестижната фестивалска манифестација во земјава. Крајот на 63 то издание на Охридско лето ќе се одбележи со театарската претстава „Лагата“ на белградскиот театар.
Новинар Соња Рилковска