

Утрово на градскиот базен Атина Бојаџи се одржува првиот Пливачки митинг во рамките на Ohrid Water fest.
Над 150 пливачи, од земјава но и клубови од странство, Република Србија, Косово, Албанија и Велика Британија ги одмеруваат силите.
Прво место во дисциплината мажи 50 метри слободно 10 и 11 годишна возраст освои охриѓанецот Кален Колески.
Крал 50 метри и помлади победници се Виктор Опетчески, Јован Кутаноски, Матеј Лазороски и Кирил Колески.
На митингот натпреварувачите настапуваат во 8 различни дисциплини поделени во 6 возрасни категории. Натпреварувањето е организирано согласно правилата на Националната пливачка федерација (НПФ), LEN и World Aquatics.