Струшките советници од опозицијата се оградуваат од инволвираност во криминал

Советниците од опозицијата во Советот на општина Струга поднесоа декларација, со која се оградуваат од инволвираност во корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судски спорови и јавни постапки, дела за кои се товари градоначалникот Рамиз Мерко од страна на Стејт Департментот.

Декларацијата требаше да биде усвоена на  денешната седница, но мнозинството од власта ја отфрли, по што советниците од опозицијата  Алијанса на Албанците, Беса и ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата.

-„Вмро Дпмне во однос на нашата советничка груша одговорно тврдам под полна морална, материјална и кривична одговорност дека никогаш не гласала за било каква одлука што е споритвна на законот и законските прописи, напротив сите такви одлуки ги оспорувала пред сите надлежни органи и пред сите надлежни судови“. , вели Ален Деребан координатор на советниката група на Вмро Дпмне.

Опозицијата од струшкиот совет го повика градоначалникот Мерко да поднесе оставка, за да остави простор истражните органи без притисок и самостојно да вршат истрага. Одговорност бараат и од совентиците кои го поддржуваат градоначалникот во како што велат незаконското работење..

-„Ние како советничка група од ВМРО ДПМНЕ инсистираме на ефективна, а не на декларативна одговорност , и тоа не само на радоначалникот на општина Струга, туку и на сите советници кои во изманатиот период свесно и слепо ги поддржуваат сите идеи иницијативи и предлози од градоначалникот, иако знаеа дека се спротивни на законските прописи“, додава Деребан.

Опозицијата ги повика и надлежните институции, Обвинителството, полицијата, правосудните органи што поскоро да ја започнат истрагата, а одговорност да понесат сите кои биле инволвирани во криминал.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани