

Приведен охриѓанец ја тепал мајка си.
-„На 21.08.2023 во 20.00 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 38 годишен жител на Охрид кој претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.