

Општина Вевчани, на иницијатива на градоначалникот Спасе Кочоски и оваа учебна година ќе додели парична помош за првачињата.
-„На следната седница на Советот на општина Вевчани на дневен ред е Одлуката за доделување на еднократна парична помош на семејствата со прваче запишано во учебната 2023/2024 година во ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани. Општина Вевчани и оваа година ќе обезбеди финансиска поддршка во висина од 2.000,00 денари за секое запишано прваче“, информираат од општината.