Се е подготвено за 36 то издание на Охридскиот пливачки маратон

Вкупно 15 пливачи од 6 држави ќе земат учество на 36. Издание на Охридскиот пливачки маратон. Стартот е закажан за 10 часот во Св. Наум, а ќе се плива по 25 километарската патека „Климе Савин“, додека целта е на Кеј Македонија.

– Голема е честа и задоволството како градоначалник, но и како организационен одбор, оваа година да се собереме по втор пат и втора година по ред да го организираме Охридскиот пливачки маратон. Она што минатата година го поставивме и го испочитувавме како услови за пливачите, награден фонт, сместување, превоз и слично, придонесе за зголемување на квалитетот и бројот на пливачите кои што ќе пливаат на овогодинешното издание, истакна градоначалникот Кирил Пецаков на денешната прес конференција.

Како новитет оваа година на Охридскиот маратон е и воведувањето на два летечки спринта. За најдобрите на овие мерни точки е предвидена дополнитеплна награда од по 500 евра.

– Организатор на оваа пливачка манифестација е Општина Охрид во соработка со Нациналната пливачка федерација и Агенција за млади и спорт. Технички организатор е Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008. На Охридскиот пливачки маратон ќе учествуваат 15 пливачи од 6 држави и тоа по 2ца од Аргентина и Турција, 3ца од Италија, по 1 од Холандија и Франција, додека од Македонија ќе учествуваат 6 пливачи. Од нив во женска конкуренција се 6 пливачки, а 9 во машка. Наградниот фонд изнесува 12 000 евра, распоредени 1во место 2500 евра, 2ро место 1500 евра и 3то место 1000 евра, рече Ристе Јанкоски, претседател на организациониот одобор.

Во рамки на програмата на Охридскиот пливачки маратон повторно е и  младинската работилница на програмата за развој на Обединетите нации и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Работилницата започнува во 14 часот на Кеј Македонија.

– Пливачите од 10 часот до кај 15 -16 часот ќе пливаат во Охридското езеро и се надевам дека и на стартот и за време на трката и на целта ќе има публика која што ќе ја поддржи оваа манифестација, која што долги години е најдобра манифестација во Македонија. Знаете дека во изминатите години и децении грижата за оваа манифестација не беше како што треба. Оваа година имаме квалитетни пливачи и мора да забележам дека ова доаѓа во најтешкиот момент на маратонското пливање, кога овие трки се тргнаа од ФИНА гран при серијата. Во овие две години гледам дека се создава една екипа со која што може да се работи на некои поголеми работи за да ова прекрасно езеро и овој прекрасен град да прераснат во центар на светското маратонско пливање, подвлече Томи Стефаноски.

Прогласувањето на победниците е во 20:00 часот во дворот на хотел Палас, каде е предвидена и културно – уметничка програма со настап на КУД „Отекс“ кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години постоење и настап на Ансамбл „Билјана“. Програмата ќе биде збогатена и со штандови на „Слоу фуд“ каде посетителите ќе може да уживаат во вкусот на македонскта традиционална храна.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани