Почнува Првиот Охридски џез-фестивал

Со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации општина Охрид  го организира првиот Охридски џез-фестивал.

Фестивалот е предвидено да се одржи на 31 август и 1 септември, со настапи на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ и гостите Танче Гроздановски и Ратко Даутовски, како и концерт на Џон И. Апелгрен квартетот.

Најавените содржини на Охридскиот џез-фестивал ќе се одржуваат во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 20:30 часот, пишува во својата објава на фејсбук градоначалникот Кирил Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани