

Покрај тур операторите, субвенции да добиваат и хотелиерите. Ова беше заклучокот на денешната средба на министерот за економомија Крешник Бектеши со хотелската асоцијација ХОТАМ. Се дискутираше и за воведување на субвенции и за домашните туристи во одредени периоди од годината. Субвенциите во туризмот се воведeни од 2010 година, но потреби се измени во правилникот за бенефит да има целиот туристички сектор.
– „Дел од тие субвенции дадено е предлог да одат и на хотелите , дел да ги вклучи и домашните гости во одредени периоди од годината. А тие тие средства би ги употребиле за корегирање на плати, подобрување на условите за пречек на туристите и подобрување на сите услови кои треба да се пружат, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Министерот за економија најави поддршка за туризмот и преку воведување на грантови за инвестиции во хотелиерскиот сектор.
-„Една од можностите е да се вклучи секторот хотелиерство и угостителство како дирекна помош во вид на грантови за инвестиции и подобрување на условите а секако дека како дополнителна поддршка може да биде измена на правилникот на субвенционирање, така што еден дел од средствата да остане дирекно кај хотелиерите“, вели министерот Крешник Бектеши.
И Хотам и министерот за економија се сложни дека годинава има пораст на бројот на странски туристи и се испишува уште една успешна туристичка сезона. Според статистичките податоци во првите шест месеци од годинава забележителен е раст од 40% на бројот на странски гости во земјава.
Новинар Соња Рилковска