

Расте бројот на пожари во земјава. Противпожарната единица во Охрид годинава интервенираше на 170 пожари. Во соседна Струга само во месец август се случиле 53 пожари, а од јануари до денес 163, додека во Кичево годинава имало 153 интервенции. Причина за порастот на пожарите во светски рамки се климатските промени.
Од Дирекцијата за заштита и спасување велат земјава подготвено се справува со пожарите, за прв пат ова лето во функција беа трите ер- трактори.
-„Секоја година заради климатските рпомени и сите други околности пожарите се многу почести. Ако досега се зборуваше дека во одбраната ние треба да одвојуваме 2% веќе во Европската комисија веќе на последните состаноци се зборува и за зголемување на придонесот на владата“, вели Беким Максути директор на Дирекција за заштита и спасување.
Поради пензионирање недостигаат пилоти и технички кадар за авионите за гаснење на пожари, за што наскоро ќе има оглас за нивно ангажирање, најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
„Ако сакаме истите да ги ставиме во резервните сили на механизмот на ЕУ ќе ни треба да имаме дополнителен ангажман на пилоти, на техничари и друг персонал со кои што сите обврски околу овој ангажман ги презема Европската Унија“, вели Максути.
Буџетот на ДЗС во земјава изнесува 5 милиони денари, но потребно е негово зголемување, бидејќи според екпертите вложувањето во превентива значи заштеда при елементарни непогоди.
Новинар Соња Рилковска