

Во Охрид за време на викендот започна снимањето на документарец од новиот научен серијал „Средновековното наследство на династијата Немањичи на почвата на денешна Република Македонија“.
-„Стручен соработник и наратор на серијаталот е доц. д-р Јасмина Чириќ (Универзитет во Крагуевац, Филолошко-уметнички факултет) и новинарката Биљана Тодоровиќ Георгиевска со нивниот тим, кои беа во посета на почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид. Во прекрасна пријателска атмосфера разговаравме дека најбитна е соработката во сферата на културата и слични вакви проекти помеѓу двете држави за поголема кохезија на заедничките културни вредности кои ги делиме низ вековите, а тоа ќе придонесе за уште поголема туристичка посетеност на регионот и за уште поголемо зацврстување во сите пори меѓу братските народи. Посебна благодарност за реализацијата на првата епизода од серијалот
до епископот на Дебарско-кичевска епархија МПЦ ОА – г. Тимотеј, како и до сите институции и граѓани на Македонија“, напиша Почесниот конзул на Р Србија со седиште во Охрид Михајло Филев.