Парите од хуманитарните паркинзи ќе се поделат за лекување на Лулзим и Алпај

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков информира дека собраните средства од хуманитарните паркинзи ќе бидат доделени за лекување на двајцата охриѓани.

Можно е да е слика од ‎1 лице, срце и ‎текст кој вели „‎AoHиpaлTe 3a aðnaл myфTи ×ح OR T A TeлeфoHи 3a AoHauии 070/143-424 077/143-468 TpaHcaKuиcKa cmeTKa 3d AoHauии: Ozdizhan Mufti 3a maKeAoHиja: 270-7000234130-33 Halk Banka 3a cTpaHcTBo: IBAN code MK07270700027498188 SWIFT EXPCMK22‎“‎‎

-„Заедно со ЈП „Билјанини извори“ донесовме одлука собраните средства од хуманитарните паркинзи да ги донираме онаму каде што тоа е најпотребно. Во овој момент проценивме дека овие средства им се најпотребни на двајцата наши сограѓани Лулзим Демирали и Алпај (Џани) Муфти кои водат животна борба.
Вкупно собрани средства од хуманитарните паркинзи се 80.000 денари, а на нашите сограѓани ќе им бидат донирани по 40.000 денари. Воедно тука сакам да испратам и апел до сите оние кои се во можност да се приклучат кон повиците за донација и во рамките на нивните можности да донира“, напиша градоначалникот Пецаков.

Можно е да е слика од 2 луѓе, брада и насмеани луѓе

-„Во април годинава, исто така извршивме донација на собраните средства кои беа во износ од 62.420 денари на Центарот за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“.
Ги повикувам граѓаните и гостите во Охрид што повеќе да ги користат овие паркинг простори, бидејќи на тој начин индиректно помагаат таму кај што има најголема потреба“, повика Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани