

ОО на Сојузот на борци од Струга го одбележа 11 Октомври Денот на народното востание со пригодна свечаност.
Делегации од Сијузот на борци, од Општина Струга, делегација на Здружението на пензионери Струга, делегации од политичките партии и останати претставници од јавниот живот положија свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата во центарот на градот.
Го одбележуваме Денот: кога, во големата 1941 го поведовме крвавото оро на четиригодишното оружено војување по овие наши родни, маледонски полиња и планини, во во еден братски и не раскилив борбен строј со сите останати народи и народности на тогашна Југославија. Против еден и ист, заеднички непријател.
Во нашата историја, 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ, за секогаш ќе остане мемориран како највисок револуционерен дострел во праведната борба на нашата национална и социјална слобода. Сега уште повеќе се нагласува поради зголемените бугарски негирања и фалсификати за македонската национална самобитност.
Денес, Втората светска војна веќе одамна е завршена, но 11 Октомври останал да се памети во Македонија како симбол на борбата на македонскиот народ и народностите за слобода и мир, но и како предвесник на изградбата на самостојна, суверена независна Македонија.
Денес чествуваме 82 години од антифашистичкото востание во Македонија, симбол на непокорот и борбата за слобода на македонскиот народ и народности. Единаесетти октомври е врвот на масовнта револуционерна активност и пресвртна епоха во долгогодишните борби на македонскиот народ за национална слобода. Тој е продолжување на слободарските традиции и идеали на македонскиот народ проникнат уште во Разловачкото востание ( 1876 ), Македонското ( Кресенско ) востание ( 1878 – 1879 ), Илинденското востание ( 1903 ), како и напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ