Едукативни трибини посветени на женското здравје

Редовните прегледи клучни за женското здравје, беше истакнато на едукативните трибини, организирани  од аптеките Виа Фарм во Охрид и Вевчани.

Трибините на кои предаваше познатиот радиолог од Вевчани д-р Жарко Даскалоски се одржуваат по повод Розов октомври – месецот за подигнување на свеста против ракот на дојка.

Нема достапен опис.

-Благодарност за сите присутни кои беа дел од нашите едукативни трибини кои се реализираа во Охрид и Вевчани. Уште еднаш покажавме дека информирањето, инспирирањето и истакнувањето на важноста за редовните прегледи имаат огромно значење за женското здравје. Благодарност до д-р Жарко Даскалоски – специјалист по радиодијагностика, Здравствен Дом Вевчани, целиот тим на Medicus Help кој не поддржа со информативните сесии за време на трибините. Секогаш во служба на вашето здравје, работевме и ќе работиме во различни сфери од нашата професија – која е клучна во многу сериозни процеси од сечиј живот, информираат од аптеки Виа Фарм.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани