Се одложи судското рочиште за Пендиков

Во Основниот суд во Охрид утрово беше закажано рочиште за  нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на сега затворениот бугарски клуб во Охрид Цар Борис Трети.

Судењето, беше одложено и   презкажано за 1 декември поради барање на одбраната на второобвинетиот бидејќи се уште во целост ги немаат разгледано доказите кои што се ставаат на товар од страна на обвинителството и против второобвинетиот .

Во судницата беа присутни и оштетениот Пендиков , првообвинетиот во предметот Илија Спасески и второбвинетиот битолчанецот Борче Ангелов ,против кого е поднесено обвинение за нанесување тешка телесна повреда со соизвршителство.

„Не ми се познати доказите, јас примив покана само за предметот шротив Илија, така да потребно е време да се подготвиме да спремиме одбрана“, рече адвокатот Димитрија Цобовски.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Охрид од надлежниот суд побара на 23-годишниот битолчанец, кој е второосомничен за нападот на Христијан Пендиков, привремено да му биде одземен пасошот и да му се забрани употреба на личната карта за преминување на државната граница.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид.

новинар Нина Аритоновска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани