Општина Вевчани изработува техничка документација за реконструкција на повеќе локални улици

Општина Вевчани изработува техничка документација за реконструкција на повеќе локални улици.

Покрај градежните работи за изградба и реконструкција на клучната сообраќајна инфраструктура на општина Вевчани континуирано работиме на обезбедување на средства за изработка на техничка документација за реконструкција на главните локални улици на територијата на општина Вевчани.

Преку Фондот за теничка документација на УНДП и Бирото за регионален развој во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион обезбедени се средства за реализација на проектот “Подготовка на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти“ во рамките на кој се планира изработка на техничка документација за комплетна реконструкција на главната сервисна улица која води низ Вевчани.
Дополнително, со средства од буџетот на општина Вевчани изработена е и техничка документација за реконструкција на следните улици: Дејков мост – Детска градинка; Трафо
Бебекој – Варвара; Дејков мост – Центар; Каланој и Костојчини.
Во тек е изработка на техничка работа за реконструкција на локалните улици: Зелен пазар – Трафо Бебекој, Зелен пазар – Стванци, Ќитано Плевне – Бебекој, информира градоначалникот Спасе Кочоски.

Изработката на техничка документација е основен предуслов за обезбедување на финансиски средства од различни донатори за реализација на овие значајни капитални проекти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани