СДСМ Охрид со реакција за улицата „7-ми Ноември“

ОО на СДСМ со реакција  за улицата ,,7-ми Ноември”.

„Улицата  моментално e најнебезбедна улица  за возила и за пешаци” – се коментарите од охриѓани по медиумите и социјалните мрежи.

Локалната самоуправа предводена од ДПМНЕ на чело со Кирил Пецаков деновиве одбележува 2 години од запоседнување на Охрид. Тимот кој раководи со градот 2 години е ,,за некого мајка за некого макеа”. Улицата 7-ми Ноември повторно раскопана. Не е прв пат да се санира коловозот, туку Градоначалникот Пецаков дал налог за работа на улицата и во јуни 2022 година.

-„Зошто истата улица сега пак се санира? Зошто по втор пат? Некоја друга ,,математика” е или во недостиг на реални проекти и инфраструктурни активности, реши Локалната пак наново да ги прекопува улиците? Прекопувањето на улицата, оставените градежни материјали, паркираните машини за работа може за жал да доведат до немили настани.
Улицата е ужас за народот. Сопствените замисли и хирови, ако веќе мора и по втор пат, да ги реализира Локалната без реперкусии врз безбедноста на населението. Две години прекопувате и прередувате од едно место на друго. Едвај некоја новинка. Зарем и следните две така ќе ги поминете“, стои во соопштението на СДСМ Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани