

НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид / Народен театар Охрид најавува реприза на претстава “Чекајќи го Годо” – Семјуел Бекет, во режија Сашо Миленковски. Публиката ќе може да ја погледне претставата во вторник 07.11.2023 година, со почеток во 20.00 часот, карти по цена од 200 денари на билетара при Центарот за култура.
Играат:
Владимир – Стрезо Стаматовски,
Естрагон – Никола Тодороски,
Лаки – Павел Маслов,
Поцо – Филип Кипровски
Момчето – Ангел Ристоски, Бојан Трајкоски, Горазд Ѓорески
Дизајн на сцена, костими и рекламен материјал Владимир Симоновски