

Започна промена на оштетените детски реквизити. Првично се менуваат на детските игралишта кај каналот Студенчишта и на улица “Кеј Македонија”.
-Акцијата за промена на оштетените детски реквизити продолжува и на другите игралишта. Вредноста на проектот изнесува 403 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информира градоначалникот Пецаков.