Нови 250 фирми годинава се вклучија  во стопанството во струшко

Нови 250 фирми годинава се вклучија  во стопанството во струшко. Трговци, занаетчии, козметичари, градинки, приватни уличишта се дел од новите бизниси основани преку активните мерки на Агенцијата за вработување.

Програмите за самовработување преку грант и кредитирање, охрабрија голем број невработени лица со претприемачки дух и  визија да основаат сопствен  бизнис, со кои се очекува да се  раздвижи локалната економија.

-„Грантот е од 307 500 денари или 614 000 денари, или 5000 евра за ДОЕЛ или 10 0000 за ДОО. Досега имаме голем број на невработени што добија и за ДОЕЛ и за ДОО, каде што имаме и резервна квота“, вели Елведина Дика директор на Подрачната единица на Агенцијата за вработување Струга.

Неповратните финансиски  средства во висина од 5000 и 10 000 евра  за сопствен бизнис се наменети за  директна поддршка за набавка на опрема и репроматеријали, регистрација и советување за претприемништво.

-„Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице се и од минимум двајца значи во 180 се по едно лице а другите по двајца. Им помагаме исто така другата година да може да ги користат и другите субвенции врз основа на оперативниот план“, додава Дика.

Според Агенцијата за вработување интересот за мерките и програмите од година во година расте. Во 2021 година во целиот Југозападен регион со мерката самовработување   беа отворени 207 нови бизниси.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани