

Со финален натпревар, вчера заврши 7-мо Ноемврискиот хуманитарен турнир во мал фудбал.
Победници на првиот хуманитарен турнир е тимот на АСП ПАК кој во интересен и возбудлив натпревар го победи тимот на МАГНА со 5:2. Малото финале му припадна на тимот на ЈП Водовод кој го совлада тимот на ЈП Охридски Комуналец со 7:1.
Пред почетокот на свеченото доделување на наградите на првопласираните, собраните средства од котизациите на сите 12 екипи кои се во износ од 72000-денари, ги доделивме на Здружението лица со дијабет Тип 1 од Охрид.
Воедно сакам да ја информирам јавноста дека останатите средства собрани преку хуманитарните паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие ” Билјанини извори” ги доделивме на Гордана Попоска за поддршка во лекувањето на нејзиниот син Петар во висина од 40 000 денари. Им посакувам здравје. Им благодарим на сите учесници за поддршката и хуманоста, информира градоначалникот Пецаков.