Охридските рокери The Backdoor Band го промовираа видеозаписот за нивниот нов сингл насловен како “Зајко”

Охридските рокери The Backdoor Band го промовираа видеозаписот за нивниот нов сингл насловен како “Зајко”.

Песната е настаната пред 10 – тина години како сатиричен и другарски опис на личноста спомената во истата и неговиот “рокерски” начин на живот.

Автор на музиката е Лазе Фармакоски, текстот е на Влатко Митревски и Жарко Јакимоски, а аранжманот е на целиот бенд.

Задолжен за снимање на аудиото, микс и мастеринг беше Ивица Јанкуловски во неговото студио “Алшар”.

Видеозаписот е сниман на локации во Охрид, а го снимаше и обработи Бојан Симјаноски.

Голема благодарност од бендот изразија до СУ Холдинг и клубот Рокенрола, како и до сите учесници во реализација на овој проект.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани