

Последната забрана за користење на водата од градскиот водовод во Струга, повторно ги натера граѓаните да апелираад до надлежните за решение на проблемот. Анализите на Центарот за јавно здравје, на 06 ти номеври покажаа нарушување на квалитетот на водата, присуство на поголема матност од дозволената со што таа не е здравствено безбедна за конзумирање.
Стружани револтирани, велат со децении, после секои врнежи се соочуваат со овој проблем. Плаќаат сметки, а принудени се да купуваат вода.
Тоа веќе премногу често се случува, така да навистина сите сме многу загрижени. Не е во ред, водата е потполно неисправна. А и после тие инциденти се хлорира отповеќе, така да апсолутно не е здрава за конзумирање.
Кога врне дожд, секогаш водата е загадена.
Ко ќе врне дожд , штом прекини доджот се сталожува талогот. Треба да се позанимаат стручните служби да го решат проблемот.
Но, и покрај забраната голем број граѓани, во Струга пиеја вода од градските чешми, бидејќи никаде немаше информација дека е небезедна за пиење. Согласно законот ЈП Водовод е должно да постави информативни табли на градските чешми за граѓаните да бидат информирани да не ја користат водата.
Не знам, немам информација дека водата е повторно загадена.
Не, не ми е познато, не слушнав.
Неисправна вода во јавниот водовод во Струга и струшко е децениски проблем, за што граѓаните повеќе пати организираа и протести.
Од јавното претпријатие Водовод, со години вината со години ја лоцираат во неколкуте мини хидроцентрали кај Горна Белица, од каде што велат се загадуваат изворите во Шум. Воедно со години најавуваат решение на проблемот.
Новинар Соња Рилковска