Се одбележа Денот на ослободувањето на Струга

Со полагање  свежо цвеќе пред споменикот на револуцијата на плоштадот во Струга и на бистите на паднатите борци на кејот на реката Црн Дрим, и спомен обележјата на паднатите борци од НОБ го одбележа 8 Ноември , Денот на ослободувањето на градот.

Претседателот на боречката организацина од Струга, Ајредин Мемети, кој беше организатор за ова одбележување прв положи свежо цвеќе и им оддаде почит на сите учесници во НОБ протиов фашистичкиот окупатор.

Нема достапен опис.

Кој истовремено честитајќи им го на своите сограѓани, Денот на ослободувањњето, претседателот на боречката организација Мемети истакна дека оставаме аманет на следните генерации да го чествуваат, почитуваат овој Голем ден, зашто е во чест на сите кои ги положија животите за слободата на Струга,  на борците од Втората светска војна,  борците , кои ги дадоа своите животи за слободна, самостојна Македонија, кои се избореја за слободен град, се поклонуваме, им одаваме почит за нивното херојство, нивната жртва, за тоа што го дадоа за својот град. Им благодариме за идеите, за потребата да си свој на своето. Ветуваме дека, како генерација ќе се грижиме за почитта кон нив, да не  бидат заборавени, заврши Мемети.

Свежи цвеќиња положија делегации на  Општина Струга, АРМ, политички партии, здруженија на граѓани, подржувачите и почитувачите на делото на Јосип Броз Тито, делегација на Здружението на пензионери и ученици од основните училишта од градот и претставници на политичкиоти јавниот живот од градов.

Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани