

Долгогодишна потреба на жителите од Рача беше изградба на тротоар на коловозот кон Охрид. Затоа како одговорна Локална самоуправа презедовме активности за изградба на тротоар.
-Согласно проектот предвидено е торотоарот да е во должина од 600 метри и да биде ограден со рабници. Вредноста на зафатот е 2 300 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните зафати е ЈП “Нискоградба”. Со овој зафат значително се зголемува безбедноста за движење на пешаците, информира Кирил Пецаков градоначалник на Охрид.

