

Жена од Требеништа, на возраст од 77 години го загуби животот при поѓар во семејната куќа.
Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза , во с.Требеништа – Општина Дебарца. При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен.
Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице, информираа од ТППЕ Охрид.
На 10.11.2023 година во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа во селото Требеништа, општина Дебрца, сопственост на Б.Н.(77) од истото село, настанал пожар, во кој таа го загубила животот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Според пријавеното, во куќата се наоѓале и нејзиниот сопруг Б.Т.(79) и нејзината сестра Б.Н.(70), која се здобила со повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општата болница во Охрид. Во гаснење на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид на местото извршила увидна екипа предводена од јавен обвинител, информираат од СВР Охрид.