

Се уште постои носталгија за бившиот југословнески дух. 28 авантуристи од повеќе земји со 14 стари автомобили од брендот Застава ЈУГО, вчера утрото од Охрид тргнаа на турата „Југо-трип“. Со возила стари повеќе од три децении ќе патуваат од Охрид преку Лесковац, Златибор, Подгорица, Мостар, Шибеник, Плитвице,Порторож до Крњска Гора.
Идејата за оваа необично уникатно патување е на охриѓанецот Блаж Поп Стефанија, а целта е вели да се потсетат како во минатото се патувало од една во друга југословенска република. Но и промоција и запознавање на културата и традициите во овие земји.
– „Ќе одиме еден мал круг по нашата убава Бивша Југославија, четиринаесет возила што се постари сите од триесет години. И ќе се потсетиме како некогаш се патувало, нема да одиме на автопат, ние сме луѓе од девет држави. Сакаме да си поминеме убаво“, вели Блаж Поп Стефанија, организатор на авантурата Југо-трип.
Авантурата, насловена Југо трип ќе трае девет денови, а возачите и совозачите ќе застануваат, ќе се сместуваат и преноќуваат во некогашните хотели кои биле бренд на југословенските простори.
-„Одиме преку Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Словенија. Од Ѓердап па до Триглав, Буквално сите држави ќе ги посетиме.0141Повеќето автомобили се набавени во Македонија, а некои моравме да ги донесиме од Словенија, како што може да видите од таблиците. И се надевам дека ќе издржат по патот“, вели Поп Стефанија, организатор.
Учесници на Југо трип авантурата, се жители на Македонија, Словенија,Србија, Англија, Норвешка, Данска и Америка.
Новинар Соња Рилковска