

Учениците од стручното училиште ОЕМУЦ Св. Наум Охридски од Охрид, продолжуваат со циклус на работилници да искусат како е да си во чевлите на претприемачите преку ЦЕФЕ Методологијата.
Тие вежбаа како да генерираат и селектираат бизнис идеја, како да поставуваат цели, да прават СВОТ анализа и да го разбираат пазарот на кој што ќе делуваат нивните идеи.
Професорката Ирена Ралева-Најдевска обучува 15 млади практиканти во следниот период со главна цел учениците од стручните училишта да добијат компетенции да основаат или водат свој бизнис поврзан или неповрзан со нивните технички струки.
Обуките се одржуваат во просториите на ЛМО при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид и во Касарна Хаб, Младински Центар во Охрид.
Овие обуки се во рамки на проектот САПЕ – Зајакнување на претприемачките компетенции на практикантите, кој е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија.
Обуката на учениците следува откако наставници и професори поминаа обука на обучувачи за претприемништво по ЦЕФЕ Методологија во септември 2023 во Анкара, Турција. Во следниот период ќе следуваат обуки за практиканти во Кочани, Скопје и Охрид.