

Маја Протуѓер е 21 годишна охриѓанка, која храбро започна свој бизнис. Преку програмата за самовработување со грант на Агенцијата за вработување, во висина од 5000 евра, таа го оствари својот сон.
Учеше во стручното училиште ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, каде што преку програмите за дуално образование успеа да стекне шестгодишно работно иксуство. Практичните вештини ги совладуваше со помош на менторот Сашко Георгиески од студиото ,,Арс-Нова”.
Во својот нов салон „Агата – студио“ во Охрид, таа од денес самостојно нуди фризерски и шминкерски услуги.
-„Грантовите освен тоа што финансиски ни помагаат, нудат стручни луѓе кои ви помагаат за подигнување на претпиемачкиот дух и успех во сопствениот бизнис. Добивате книга преку која многу ќе научите, многу нови работи за бизнисот, а тоа е посебно битно за нас младите. Нас како млади луѓе ни треба поддршка за успех во новиот бизнис. Би сакала да бидам инспирација, еве на 21 година отворив салон, ако можам јас можете и вие бидејќи ако се сака се се може“, вели Маја Протуѓер – фризер.
-,,Посебно е чувството кога учениците ќе си ги исполнат своите желби, но пред се очекувањата на своите ментори. Стручноста е најважниот сегмент во овој занает. Комбинирано со посветеност, работа и многу труд… резултатите се тука. Започнувањето на ваков занает значи одговорност, професионалност, творење, учење и надоградување. Среќен сум што на вакви “мои” деца им ја отворам првата врата од една ваква уметност за која е потребен и талент и храброст за да се започне нова животна цел”, истакна менторот, познатиот стилист од Охрид Сашко Георгиески.
Стручното образование е основата каде што се става темелот на претприемачкиот дух кај учениците.
-„Денес навистина има многу голем интерес за стручното образование, многу е важно за да може младите полесно да изградат свој бизнис.Во нашето училиште имаме повеќе смерови, козметички, сообраќајен, електро и машински смер. Дуалното образование им е почетна точка за да продолжат понатаму со свој бизнис. Крајната цел во суштина е да ги задржиме младите во нашата земја, да не ни заминуваат во странство“ , вели Марија Кречо Аврамоска професор во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридкси“.
Дуалното образование и грантовите за самовработување се покажаа повеќе од успешни. Во Југозападниот регион во земјава последнава година се отворени повеќе од 500 нови фирми.
Новото стилско студио се наоѓа на ул „Јане Сандански“ бр 73 А
контакт телефон: 078 971 678
ФОТОГРАФИИ: